HomeАктуелноНов ден, ново невреме – Опасноста за невреме и понатаму продолжува, еве што најавува УХМР

Нов ден, ново невреме – Опасноста за невреме и понатаму продолжува, еве што најавува УХМР

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Локално ќе има услови за краткотрајно невреме.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. УВ индексот ќе биде 7.

Во Скопје променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 32 степена.

Во Охрид сончево со умерена облачно. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 28 степени.

За време на викендот и во понеделник времето ќе биде стабилно и потопло, а повторно дестабилизирање се очекува од вторник.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.