Албанија ја погоди нов земјотрес, кој беше почуствуван и во западна Македонија.
Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC) соопшти дека земјотрес со јачина од околу 3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Албанија.
Епицентарот на земјотресот е на 33 километри југоисточно од Тирана и на околу 9 километри југозападно од градот Елбасан.
