Ноември започнува со облачно и дождливо време, а врнежите ќе продолжат и во првите денови од новата недела. Под влијание на циклонска активност, Македонија ја очекува период на пониски температури и повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, денеска, 1 ноември, времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. На одделни места се очекуваат над 20 литри дожд на квадратен метар, а температурите ќе се движат од 5 до 10 степени во утринските часови, додека дневните ќе достигнат од 11 до 16 степени.
Врнежливото време ќе продолжи и утре, понеделник, кога локално се очекуваат пообилни врнежи, со количества над 30 литри на квадратен метар. Минималните температури ќе се движат од 4 до 10 степени, а максималните од 10 до 16 степени.
Дождливо ќе биде и во вторник, кога на одделни места повторно се можни пообилни врнежи. Во текот на целиот прогнозен период, локално може да наврнат и над 60 литри дожд на квадратен метар.
Од среда се очекува постепено стабилизирање на времето и престанување на врнежите, но ќе се задржи посвежо време со пониски утрински температури.
Поради најавените пообилни врнежи, се препорачува зголемено внимание во сообраќајот, особено на патните правци каде што може да има намалена видливост и задржување вода на коловозите.
