HomeАктуелноОд денес целосна забрана за риболов на реката Треска – казната е 250 евра

Од денес целосна забрана за риболов на реката Треска – казната е 250 евра

Од денес, 1 ноември 2026 година, стапува во сила целосна забрана за рекреативен риболов на атрактивната зона „Треска – Скопска“. Забраната ќе трае до 31 јануари 2027 година, а се воведува со цел заштита на рибниот фонд и овозможување непречено одвивање на природниот процес на мрестење.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Од Здружението на риболовци спортско-рекреативен клуб „РИБАР 2011“ – Скопје апелираат до сите риболовци да ја почитуваат забраната и да се воздржат од риболов во наведениот период.

За оние кои нема да ја почитуваат мерката и ќе бидат затекнати при риболов, предвидена е прекршочна пријава согласно Законот за рибарство и аквакултура. Глобата изнесува 250 евра, а против сторителите ќе биде поднесена и кривична пријава за „Незаконит риболов“, согласно Кривичниот законик.

Надлежните потсетуваат дека почитувањето на забраната е важно за обновување и зачувување на рибната популација, како и за заштита на природното богатство на реката Треска.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.