HomeАктуелно„Од камен до код“: Во Дебрца започна 41. Интернационална уметничка колонија со учесници од Македонија и светот

„Од камен до код“: Во Дебрца започна 41. Интернационална уметничка колонија со учесници од Македонија и светот

Здружението “Ликовна колонија – Дебрца”, годинава, по 41. пат, ја организира истоимената ликовна колонија, најстара во нашата земја.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Учествуваат 10 ликовни уметници од земјата и светот, мегу кои како почесен гостин, и светски афирмираниот, академскиот ликовен уметник Јордан Манасисески, редовен учесник на Колонијата од самите нејзини почетоци.

Застапени се уште: Zsuzsanna Ardo – Лондон, Наталија Студенкова – Словачка, Дуња Корломановиќ – Србија, Лидија Вујишиќ – Скопје, Славица Танеска – Охрид, Михаил Клечкароски – Струга, Филип Јовески – Прилеп, Вангел Крстиноски – Ресен, Михаил Велјаноски – Охрид, Мелани Тасеска – Охрид.

Во изминативе 4 децении, збирката на Галеријата на Интернационалната уметничка колонија „Дебрца”, именувана како ‘Ѓорѓија Целески”, во чест на основоположникот на Колонијата, ја надмина бројката од 700 ликовни дела од врвни уметници од Македонија, почнувајќи од академик Димче Коцо, како и десетици познати ликовни дејци од светот.

Темата на овогодишното издание на Колонијата, кое се одржува во Белчишта, седиштето на руралната општина Дебрца, е „Од камен до код – ехо на земјата, глас на иднината“.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.