Времето утре ќе биде сончево со умерена, а на места повремено со значителна облачност. Претежно во западните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Во Скопје сончево со умерена облачност, која повремено ќе се зголемува.
Прогноза за 06.10.2023
Минимална температура: 6°C до 15°C
Максимална температура: 22°C до 29°C
Променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во западните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец.
Прогноза за 07.10.2023
Минимална температура: 3°C до 13°C
Максимална температура: 23°C до 29°C
Утрото студено, преку денот претежно сончево со слаб ветер од северен правец.
