Течат подготовките за чествување на делата на Прличев во ОУ „Григор Прличев“. Активностите започнуваат од утре со отворени денови за наставни и воннаставни активности, се’ до понеделник, 6 февруари, велат од училиштето.
Во понеделник ќе се положи ловоров венец на бистата од Прличев изработен од наставниот кадар и учениците, литературно читање, рецитал, хорска изведба и ритмички точки. Охрид и нашето училиште ќе бидат во знакот на деновите посветени на делата и ликот на ловороносецот со кои ќе се одбележи патрониот празник на нашето училиште, додаваат од училиштето.
Во рамки на програмата е и Прличевата визита, додека пригодната свеченост започнува од 18:00 часот во училишната спортска сала со ликовна изложба, доделување на наградите, изведби од учениците, како и обраќање од директорката Лилјана Ефтимовска.
Инаку, по повод патронатот беше објавен и литературен и ликовен конкурс.
