Лидерите на опозицискиот блок Африм Гаши, Биљал Касами и Изет Меџити бараат од собранискиот спикер Талат Џафари итно да ја стави на гласање потребата од промена на Уставот со цел како што велат да помине побрзо првата фаза од уставните измени, а доколку се утврди дека нема двотретинско мнозинство веднаш да се оди на предвремени парламентарни избори.
Имено покрај тоа тие бараат со измената на Уставот да се избрише и одредницата „20 проценти“ која се однесува на употреба на јазикот, како и корупцијата кај функциониерите да биде кривично дело кое не застарува.
Доколку нема доволно мнозинство да се гласа првата фаза од уставните измени, повикуваме да се гласа за распуштање на Парламентот и распишување на предвремените избори, за да се бара друг парламентарен состав кој ќе има капацитет и политичка волја за протуркање на интегративните процеси кон Европската Унија. Ние тука покажуваме денеска дека сме итно да го почнеме процесот за уставни измени и интеграција во ЕУ, а власта е за уште некој час или ден повеќе да остане во владата, вели Африм Гаши – Претседател на Алтернатива.
