HomeАктуелноОпштина Охрид ќе одржи седница за определување финансиска помош за семејствата на загинатите и повредените во Кочани

Општина Охрид ќе одржи седница за определување финансиска помош за семејствата на загинатите и повредените во Кочани

Општина Охрид на седница на Совет која ќе се одржи следната недела ќе одлучува за доделување финансиска помош за семејствата на починатите и за повредените лица во пожарот што се случи во Кочани.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Колку средства ќе бидат одвоени од локалниот буџет за оваа намена ќе се знае дополнително по одржувањето на Седницата.

Дел од општините веќе издвоија средства за оваа намена. Град Скопје првично додели шест милиони денари за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани, Општина Битола два милиони денари, Општините Гостивар, Куманово, Аеродром, Бутел, Центар и Чаир по еден милион денари, додека Општина Делчево 300.000 денари.

Инаку, Црвениот крст денес информираше дека досега се собрани 48.172.115,00 денари, средства наменети исклучиво за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.