HomeАктуелноОсмани- Бербок: Создаваме политичко партнерство кое е во интерес на двете земји, на регионот и на Европа

Османи- Бербок: Создаваме политичко партнерство кое е во интерес на двете земји, на регионот и на Европа

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес во Берлин оствари средба со сојузниот министер за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Аналена Бербок.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На средбата, двајцата хомолози изразија задоволство од високото ниво на политички дијалог и партнерските односи кои Северна Македонија и Германија ги воспоставија во изминатите 30 години дипломатски односи. Соработката и партнерството меѓу нашите две земји ги карактеризира три децении поддршка, соработка и градење мостови меѓу нашите држави и народи.

„Особено го цениме фактот што Германија е наш најважен партнер во политичка и економска смисла, особено кога се работи за прашањата за нашето политичко интегрирање во европските и евроатлантските организации. Северна Македонија останува кредибилен партнер во регионот, и од аспект на НАТО присуството на Балканот, како земја членка, и од аспект на заштитник и промотор на европскиот кредибилитет во регионот.”, истакна Османи.

Министерот Османи изрази благодарност за силниот интерес на Германија и Канцеларот Шолц да го ревитализира Берлинскиот процес како значајна алатка која ги подржува евроинтегративните процеси на Северна Македонија и земјите од Западен Балкан со цел нивно поскоро приклучување кон Унијата, но и за заедничко адресирање на актуелните предизвици со кои се соочува европскиот континент.

Министерката Бербок потврди дека поддршката од Германија за европското досие на Северна Македонија ќе продолжи и во иднина со несмалено темпо, изразувајќи задоволство од историскиот исчекор кој го постигна Северна Македонија за отпочнување на пристапните преговори годинава.

Безбедносните прашања, руската инвазија врз Украина и последиците со кои европските земји се соочуваат, исто така беа предмет на разговор меѓу двајцата министри, кои ја истакнаа важноста на НАТО за зачувување на европската и светска безбедност. Во овој контекст, министерката Бербок упати благодарност, потенцирајќи ја улогата на Северна Македонија како одговорен и кредибилен партнер на Европската Унија во одговор на кризата и 100% усогласеност со санкциите на ЕУ кон Русија.

На средбата се дискутираше и за претстојното претседавање на нашата земја со ОБСЕ во 2023 година и можностите за идна соработка во овој контекст.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.