Попладнево социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм не функционираат на глобално ниво.
Според веб-страницата DownDetector, ширум светот се пријавени проблеми од корисници.
Проблемот со Фејсбук е што луѓето не можат ни да се логираат, додека кај Инстаграм се појавува пораката „Нешто тргна наопаку“.
Се уште нема официјално соопштение од компанијата „Мета” во врска со паднатите сервиси.
