HomeАктуелноПарите се веќе на вашите сметки, информира ресорното министерство

Парите се веќе на вашите сметки, информира ресорното министерство

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека  исплатени се средствата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец септември 2024 година.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.

Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.