HomeАктуелноПациентите со цистична фиброза денес на протест пред Министерството за финансии

Пациентите со цистична фиброза денес на протест пред Министерството за финансии

Пациентите со цистична фиброза ќе протестираат денеска во 12 часот пред Министерството за финансии, бидејќи, како што велат, немаат одговор од надлежните институции, до каде е работата со набавката на „трикафта“ за сите на коишто им е неопходна и со законските измени за побрза набавка на лекот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Претседателот на Асоцијација за цистична фиброза, Фики Гаспар во изјава за медиуми претходно појасни дека протестот ќе биде пред Министерството за финансии, затоа што сметаат оти доколку се обезбеди буџетот, работите ќе бидат многу побрзи.

Неофицијално, како што додаде Гаспар, на Влада поминало, уште 18 пациенти да добијат лек.

– Тоа е за поздравување, но, ние апелираме дека го бараме за сите пациенти. За да нема несигурност и страв кај пациентите. Ако е точно, ќе има страв дали се во таа бројка, кога ќе дојде за нив, подвлече Гаспар.

Тој кажа дека мисли оти е за 80 пациенти соодветен лекот.

Во моментов, „трикафта“ примаат 12 лица.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.