HomeАктуелноПендаровски се обрати на годишниот Амбасадорски совет

Пендаровски се обрати на годишниот Амбасадорски совет

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска преку видео-врска се обрати пред амбасадорите и шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во странство, во рамки на годишниот Амбасадорски совет, што се одржува во организација на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Пендаровски во обраќањето направил кус осврт на состојбите на внатрешно-политички план оваа година, посочувајќи на економските предизвици и енергетската криза, како и борбата против корупцијата.

Во контекст на надворешно-политичките аспекти, соопштија денеска од кабинетот на Пендаровски, тој говорел за почетокот на преговорите со ЕУ, обидите за враќање на довербата во евроинтеграцијата и зголемување на поддршката за членство во Унијата, како и за натамошните чекори во преговорите.

Се осврнал и на војната во Украина и ситуацијата во регионот од безбедносен аспект при што го нагласил позиционирањето на Северна Македонија во поширокиот регион и засилениот фокус на Европската Унија кон регионот. Претседателот Пендаровски говорел и за претстојното македонско претседавање со ОБСЕ, како и потребата од зајакнување на билатералните соработки со земјите во кои се акредитирани шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.