HomeАктуелноПовредена 74-годишна жена во сообраќајна незгода во Охрид

Повредена 74-годишна жена во сообраќајна незгода во Охрид

На 23.12.2024 во 18.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Јане Сандански“ во Охрид, патничко возило „пежо 407“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 52 годишно лице, удрило во 74 годишна жена, двајцата од Охрид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила жената, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.