HomeАктуелноПожар во автобус на ЈСП, нема повредени лица  

Пожар во автобус на ЈСП, нема повредени лица  

Денеска, неколку минути пред пладне, во двоспратен автобус „Јутонг“ кој сообраќа на линија 57 избувнал пожар, во кој за среќа нема повредени патници, причинета е само материјална штета.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во моментот на опожарувањето, автобусот бил на последната/почетната постојка во Нерези и во него немало патници.

Внатрешната контрола на ЈСП Скопје веднаш излезе на терен, при што, од изјавата на возачот и околни сведоци, констатираше дека пожарот избувнал во делот кај што се наоѓа моторот.
Благодарение на присебноста на возачот и неговата брза реакција, избегната е поголема штета.

Возачот употребил два ПП апарати, а во меѓувреме интервенирало едно противпожарно возило.

Случајот е пријавен и во МВР и во тек е утврдување на причините за настанот, стои во соопштението на ЈСП.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.