Во СВР Скопје вчера околу 21.20 часот И.П. пријавила дека настанал пожар во семејната куќа во с.Катланово, во која во моментот бил нејзиниот сопруг Ж.П.(43) од с.Катланово.
– Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје, а Ж.П., кој се здобил со изгореници, бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, информира МВР.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
