Центарот за управување со кризи (ЦУК) известеува дека во Ѓорче Петров, од левата страна на Вардар, блиску до куќи избувнал пожар.
Пожарот бил пријавен на бројот 112 и дека веќе интервенира Територијалната противпожарна единица на Град Скопје.
Пожарот е во населбата Ѓорче Петров, покрај мостот, спроти бензинската пумпа „Макпетрол“, од левата страна на реката Вардар. ЦУК верува дека пожарот ќе биде изгаснат за кусо време.
