HomeАктуелноПолициска акција во дојранско, расчистени седум кражби, определен притвор

Полициска акција во дојранско, расчистени седум кражби, определен притвор

На 19.09.2023 во 06.30 часот, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија ги лишиле од слобода Р.Б.(27) од село Николиќ, општина Дојран и С.С.(31) од Нов Дојран. При претрес во нивните домови, извршени со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе предмети кои потекнуваат од тешки кражби и кражби извршени во туристички капацитети и викенд куќи на подрачјето на Нов и Стар Дојран.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Лицата биле задржани во Полициската станица Гевгелија и за случајот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. Против Р.Б. е поднесена кривична пријава поради сомнение дека сторил седум кривични дела „тешка кражба” и две кривични дела „кражба”, од кои пет биле извршени во 2023 година, а останатите во 2021 и 2022 година. Лицето било изведено пред Судија на претходна постапка, кој му определил мерка притвор, велат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.