HomeАктуелноПолициска акција за непрописно престигнување

Полициска акција за непрописно престигнување

Во текот на вчерашниот ден (23.10.2023) во периодот од 14.00 до 19.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 183 возачи. Од нив, 62 на територијата на СВР Тетово, 31 на територија на СВР Охрид, 29 на територија на СВР Куманово… За време на контролата санкционирани се и 271 други видови на прекршоци.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.