HomeАктуелноПолицијата и инспекторатот во акција: Пронајдени12 рибарски мрежи во должина од 150 метри, 64 парчиња уловена разновидна риба и друг риболовен алат и прибор

Полицијата и инспекторатот во акција: Пронајдени12 рибарски мрежи во должина од 150 метри, 64 парчиња уловена разновидна риба и друг риболовен алат и прибор

На 28/29.11.2024 година, полициските службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро”, во водите на Охридското езеро, самостојно но и во соработка со Државниот инспекторат за земјоделие, извршија повеќе контролни патролни активности по Законот за рибарство и аквакултура.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Притоа, на потегот од градското пристаниште во Охрид, до струшкото село Радожда,  пронајдоа и одзедоа 12 рибарски мрежи во должина од 150 метри, 64 парчиња уловена разновидна риба и друг риболовен алат и прибор.  Контролните активности на полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро”, ќе бидат интензивирани со цел, фаќање на лица кои вршат кривично дело „незаконит риболов” но и за заштита на државната граница, додаваат од СВР Охрид.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.