HomeАктуелноПолицијата со полни раце работа – Дрога, тепачки, насилство

Полицијата со полни раце работа – Дрога, тепачки, насилство

На 12.10.2024 во 02.10 часот во угостителски објект во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го приведоа Ф.П.(24) од Скопје затоа што кај него бил пронајден кокаин. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер


На 12.10.2024 во 17.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека во селото Белчишта, општина Дебрца, три лица физички а потоа и со дрвен предмет, го нападнале А.Б.(40) од Охрид. По целосно расчистување на настанот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 12.10.2024 во 18.35 часот во селото во општина Дебрца, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Д.Б.(69) од Охрид, кој, во викенд куќа во селото агресивно се однесувал кон членови на семејството и им се заканувал со огнено оружје. Од него одземен е пиштол „Црвена Застава” и куршуми калибар 9 милиметри. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.