Денес во 02.10 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници го лишиле од слобода Ј.Р.(41) од Кочани, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Вчера во 21.55 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници го лишиле од слобода С.С.(28) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Исто така во текот на вчерашниот ден во 16.20 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници го лишиле од слобода А.С.(30) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
