HomeАктуелноПолицијата уапси скопјанец кој „оперирал“ по возила во Центар и Карпош

Полицијата уапси скопјанец кој „оперирал“ по возила во Центар и Карпош

СВР Скопје – ЕВР Центар и Бит Пазар и ЕВР Карпош поднесе кривична пријава против Џ.Љ.(34) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во претходниот период, пријавениот извршил повеќе тешки кражби во возила на подрачјето на Центар и Карпош. По преземени мерки и активности, на 16.05.2023 тој бил лишен од слобода и во координација со јавен обвинител му е поднесена пријавата.

Џ.Љ. бил изведен пред судија на претходна постапка, кој му определил мерка притвор.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.