HomeАктуелноПолицијата упадна и приведе 11 битолчани, тие неовластено играле комар

Полицијата упадна и приведе 11 битолчани, тие неовластено играле комар

Во Битола 11 лица се приведени синоќа во објект каде неовластено се организирал комар. Кај нив биле пронајдени и одземени повеќе банкноти во различни апоени.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На 08.01.2023 во периодот од 21.30 до 22.30 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола извршија акциска контрола во објект на ул.„Караорман“ во Битола, при што било утврдено дека во објектот неовластено се организира комар, соопштија денеска од МВР.

При контролата во објектот биле затекнати О.М., Е.Ш., Р.О., В.Р., М.Д., Н.А., Ѓ.А., Е.Р., И.Е., Р.А. и Б.М., сите од Битола.

Лицата биле лишени од слобода и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 398 од Кривичниот законик.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.