HomeАктуелноПортугалската министерка за одбрана утре во официјална посета на Македонија

Португалската министерка за одбрана утре во официјална посета на Македонија

Министерката за одбрана на Португалија, Марија Хелена Кареирас  утре ќе пристигне во прва официјална посета на Македонија, соопшти Министерството за одбрана.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

За време на посетата, во Министерството за одбрана, министерката Кареирас ќе оствари тет-а-тет средба со министерката Славјанка Петровска, по што двете министерки ќе го потпишат и првиот договор за билатерална соработка на полето на одбраната.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.