HomeАктуелноПочина жената која беше турната од тераса

Почина жената која беше турната од тераса

Почина жената која неодамна беше турната од трет кат на зграда на улицата „Карпош Војвода“ во Охрид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

По настанот, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 32-годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ како и против 21-годишно лице исто така од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“. На 8-ми март 2024 година, околу 11:30 часот, првопријавениот, во стан на улицата „Карпош Војвода“ во Охрид, сопственост на второпријавениот, по претходна расправија ја турнал 39 годишната жена од Скопје од терасата. Таа била пренесена во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Второпријавениот кој бил присутен, не го спречил сторителот во извршувањето на кривичното дело.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.