HomeАктуелноПочина момчето кое беше киднапирано и принудено да се самозапали

Почина момчето кое беше киднапирано и принудено да се самозапали

Почина 24 годишното момче кое беше киднапирано и прунудено да се самозапали.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Денеска е извршена и обдукција на починатиот која ќе треба да даде појасна слика на истражителите, а телото е предадено на семејството.

Како што информираат од МВР, 24-годишниот Биљал бил најден од страна на полициски службеник на меѓународниот аеродром откако претходно, пожарникарите забележале пожар во индустриската зона Чојлија, а Биљал влегол на скопскиот аеродром со повреди од изгорениците. На службеникот му кажал дека бил насилно пренесен со возило од населбата Ченто до Чојлија.

Според пријавата неколку лица со закана го натерале да се самозапали и избегале, а тој успеал самиот да го изгасне огнот од кој бил зафатен. Од МВР информираат дека се уште работат на расчистување на случајот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.