HomeАктуелноПочина 17 годишната девојка која беше прегазена во Скопје, а возачот избега

Почина 17 годишната девојка која беше прегазена во Скопје, а возачот избега

17 годишната девојка која завчера беше прегазена на булевар „Борис Трајковски“ починала на Комплексот клиники „Мајка Тереза“, потврдуваат од Министерството за здравство за „Фокус“. Девојката била веднаш оперирана, но вчера во пет часот наутро им подлегнала на повредите.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На 30.8.2023, во околу 22.30 часот, во СВР Скопје било пријавено на бул. „Борис Трајковски“ во Скопје, патничко возило „алфа ромео“ со скопски ртегистарски ознаки удрило во малолетничка од Скопје, по што возачот го напуштил местото. Малолетничката била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Приведени се осомничени лица во врска со настанот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.