HomeАктуелноПравославните христијани денес го слават денот посветен на Преподобен Григориј Декаполит

Православните христијани денес го слават денот посветен на Преподобен Григориј Декаполит

Православните христијани денес го слават денот посветен на Преподобен Григориј Декаполит.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Роден е во Декапол Исавриски, од Сергиј и Марија, родители угледни и благочестиви. Кога заврши училиште родителите сакаа да го oженат, но тој побегна во пустина и се замонаши. Живееше по разни места: во Византија, во Рим, на Олимписката Гора.

Каде и да одеше секаде ги восхитуваше луѓето со своите подвизи и чуда. Се случуваше да го огрее небесна светлина; да му се јават Ангели Божји. Ја гледаше убавината на Ангелите и го слушаше нивното умилно пеење.

Поживеа долго и богоугодно и мирно се упокои во 9 век во Цариград, кога се пресели во радоста на својот Господ.

Тропар

Пример си бил на воздржание, со Божествен Дух сите просветувајќи ги, правоверно животот завршувајќи го,со учењето светот го просветли, и мислите на зловерните ги разобличи, отче преподобен Григорие, Христа Бога моли Го да ни подари милост голема.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.