HomeАктуелноПревртена една од типизираните куќарки на „Кеј Македонија“

Превртена една од типизираните куќарки на „Кеј Македонија“

Синоќа, на улицата „Кеј Македонија“ беше забележан уште еден случај на вандализам, каде беше вандализирана една од типизираните куќарки, сопственост на ЈП Градски Пазар Охрид, информираат од претпријатието.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

ЈП Градски Пазар ги набави типизираните куќарки со цел да се обезбедат посовремени услови за улична продажба на јавни локации во центарот на градот како и да се подобри урбаната слика на градот, но, жално е што ваквите вандалски појави се повеќе зачестуваат, велат.

Апелираат на разум и негување на урбаната опрема, со цел, како што велат, заеднички и конструктивно да придонесеме за создавање на слика за нас како Охриѓани.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.