HomeАктуелноПрекинат Јавниот повик за субвенционирање на набавка на инвертер клима кој беше утрово објавен

Прекинат Јавниот повик за субвенционирање на набавка на инвертер клима кој беше утрово објавен

Прекинат Јавниот повик за субвенционирање на набавка на инвертер клима уреди поради исцрпување на предвидениот буџет информираат од Општина Охрид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Се известува јавноста дека поради големиот интерес и целосно исцрпување на предвидените средства од буџетот на општина Охрид, се прекинува Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на модерен систем за затоплување-инвертер клима уред за 2023 год, информираат од Општина Охрид.

Јавниот повик беше објавен утрово, а како што информираа од Општина Охрид истиот требаше да трае заклучно со 15 април 2023 година или до исцрпување на предвидените финансиски средства за оваа намена.

За краткотрајниот повик за субвенционирање на набавка на инвентер клима граѓаните се прашуваат како е можно да има толку голем интерес и да дојде до целосно исцрпување на предвидените средства, кога јавноста не беше запознаета со повикот или пак можеби општинарите си се подновија со по некоја инвентер клима?

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.