HomeАктуелноПретреси во скопска населба: Полицијата приведе три лица и пронајде дрога

Претреси во скопска населба: Полицијата приведе три лица и пронајде дрога

Денеска од страна на Единицата за недозволена трговија со дрога, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Одделот за криминалистичка полиција и Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје, со поддршка на Единицата за интервентна полиција лишени од слобода се Н.П.(38), В.К.(50) и М.Ч.(31), сите од Скопје.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Полициските службеници извршиле претреси на две локации на подрачјето на Гази Баба.

Во домот на Н.П., каде била затекната и В.К., со која живеел во заедница, биле пронајдени марихуана во процес на сушење, дигитална вага и поголем износ на пари за кои постои сомнение дека потекнуваат од недозволена продажба на дрога, а во домот на М.К. пронајдени се тегла со марихуана, 2 пакувања со марихуана, 15 ќесички со марихуана подготвени за продажба, една дигитална вага со остатоци од дрога, соопшти МВР.

Лицата се приведени и задржани во полициска станица и против нив ќе бидат поднесени  кривични пријави.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.