HomeАктуелноПретрес во Скопје, пронајдени марихуана и масло од хашиш

Претрес во Скопје, пронајдени марихуана и масло од хашиш

Денеска (29.06.2023) од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје во координација со Единицата за недозволена трговија со дрога при Одделот за криминалистичка полиција, по добиена судска наредба, извршен е претрес во дом кај С.Д.(38) од Скопје.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

При претресот се пронајдени и одземени марихуана, масло од хашиш и дигитална вага. С.Д., кој не бил дома во текот на претресот, е повикан да се јави на службен разговор во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.