На 28.10.2023 во 21.05 часот, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа Г.С.(21), а на службен разговор бил повикан Е.К.(42), двајцата од Република Грција.
При преглед извршен на булевар „Туристичка” во Охрид, кај Г.С. била пронајдена бела прашкаста материја, која се обидел да ја фрли. Против него е поднесен соодветен поднесок, велат од СВР Охрид.
