HomeАктуелноПриведени две лица во Битола, при претреси пронајдена дрога

Приведени две лица во Битола, при претреси пронајдена дрога

Полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола во координација со Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при МВР вчера ги лишиле од слобода М.С.(42) и 30-годишната С.К., двајцата од Битола.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

При претрес во домот на М.С., извршен со судска наредба, соопштија денеска од МВР, биле пронајдени и одземени нож и други предмети со остатоци од дрога и пари во различни апоени и валути за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

– При претрес во домот на С.К., извршен исто така со судска наредба, биле пронајдени одземени кокаин, грутчеста материја, куршуми и пари во различни апоени и валути за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело, појаснуваат од МВР.

Двајцата биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот, до Основното јавно обвинителство Битола, против нив е поднесена кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.