HomeАктуелноПриведени се две лица за убиството на лекарот

Приведени се две лица за убиството на лекарот

Две лица се приведени во врска со убиството на лекарот во скопската населба Железара, објави синоќа министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Министерот посочи дека се преземени 20 истражи дејствија и дека се прегледани над 50 камери и видео записи.

Тошковски не ги откри мотивите и рече дека повеќе информации ќе се соопштат во текот на денешниот ден. Неофицијално претресот е вршен во населбата Автокоманда.

Шеесет и седумгодишен лекар минатата недела беше пронајден избоден до смрт во неговиот автомобил паркиран во парк во близина на поранешната фабрика „Железара“.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.