На 05.08.2023 година во 23,30 часот, на кеј „Македонија” во Охрид, приведен е С.С.(23) од Грац Австрија. При преглед извршен претходно, полициските службеници, кај него пронајдоа и одзедоа опојна дрога Марихуана.
Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Е.Р
