На 19.10.2023 во 16.40 часот на ул.,,7 Ноември“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги лишиле од слобода П.Т.(24) од с.Велгошти, охридско Е.Ш.(43) од Охрид. При преглед во возилото „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, кое го управува П.Т., а сопатник бил Е.Ш., била пронајдена и одземена марихуана.
Исто така, марихуана била пронајдена и кај сопатникот Е.Ш.. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
