HomeАктуелноПриведен крадец од Скопје за издржување 18-месечна затворска казна

Приведен крадец од Скопје за издржување 18-месечна затворска казна

Денеска (01.09.2023) во 12.25 часот на ул.„Гвадалахара“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.У.(40) од Скопје.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.