HomeАктуелноПриведен разбојник во Битола, одземеното вратено на сопственичката

Приведен разбојник во Битола, одземеното вратено на сопственичката

На 02.11.2023 во 18.00 часот во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола го лишиле од слобода Н.Д.(36) од Битола. Тој се сомничи дека околу 10.10 часот во Битола физички ја нападнал В.В.(73) од Битола и ѝ одзел чанта со пари. Со судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом во Битола, при што било пронајдено одземеното и било вратено на сопственичката.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Лицето било приведено и задржано во полициска станица и во службен разговор го признал делото. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.