На 12.10.2023 во 22.00 часот на улица „Крум Точко” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле В.Х.(25) од Струга затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава,велат од СВР Охрид.
