HomeАктуелноПриведен 25 годишник, тој претходно силувал 81-годишна жена од струмичко

Приведен 25 годишник, тој претходно силувал 81-годишна жена од струмичко

 На 13.09.2023 во 22.30 часот во струмичко, полициски службеници од Полициското одделение Ново Село го лишиле од слобода А.В.(25) од село Косевица, општина Македонска Каменица.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Тој се сомничи дека извршил обљуба врз 81-годишна жена од струмичко. Лицето било задржано во Полициска станица Струмица, за настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и против него ќе биде поднесена кривична пријава. Во текот на денот ќе биде изведен пред Судија на претходна постапка од Основен суд Струмица, информираат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.