ОВР Струга поднесе кривична пријава против Е.С.(24) од струшкото село Делогожда поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”. При преглед во патничко возило, управувано од пријавениот, извршен на улицата „Партизанска” во Струга, полициските службеници пронајдоа и одзедоа хашиш.
