HomeАктуелноПронајдени малолетничките од Струмица што се изгубија на екскурзија во Скопје

Пронајдени малолетничките од Струмица што се изгубија на екскурзија во Скопје

Двете девојчиња од Струмичко кои вчера беа пријавени дека се изгубиле на територијата на центарот на Скопје, се пронајдени синоќа околу 23.50 часот на бул. Борис Трајковски во Кисела Вода, соопшти МВР.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Веднаш по добиената пријава од страна на полициските службеници преземени се соодветни мерки и малолетничките се пронајдени, наведуваат од МВР.

Девојчињата на возраст од 12 и од 14 години беа пријавени вчера околу 16 часот во СВР Скопје, од страна на нивната наставничка која ги водела на еднодневна екскурзија.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.