HomeАктуелноПрофесионален возач фатен со 2,12 промили алкохол

Професионален возач фатен со 2,12 промили алкохол

Министерството за внатрешни работи информира дека се изречени 65 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола, меѓу нив и професионален возач со измерени 2,12 промили алкохол.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

ОД МВР информираат дека денеска (31.01.2023) во периодот од 14.00 до 19.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 65 возачи. Меѓу санкционираните е и професионален возач, кај кого при контрола се измерени 2,12 промили алкохол. Притоа, 46 од санкционираните возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 19 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информираат од МВР.  

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.