HomeАктуелноПукал на семејна веселба, приведен маж од Волково

Пукал на семејна веселба, приведен маж од Волково

Полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров, вчера во село Волково, скопско, го лишиле од слобода скопјанецот В.З.(53) поради сомнение дека околу 18:20 часот во селото пукал на семејна веселба.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

-Кај него била пронајдена и одземена пушка „Застава M59/66“  калибар 7,62 x39 mm, додека на местото биле пронајдени повеќе чаури од испукани куршуми. Во службен разговор во полициска станица тој го признал делото. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.