HomeАктуелноПутин: Русија е подготвена за нуклеарна војна, но не брза кон неа

Путин: Русија е подготвена за нуклеарна војна, но не брза кон неа

Русија се уште е во состојба на борбена готовност и е целосно подготвена за нуклеарна војна, но во моментов нема брзање кон неа, изјави синоќа рускиот претседател Владимир Путин.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во интервју за руските државни медиуми, Путин, кој на 24 февруари 2022 година почна сеопфатна инвазија врз Украина и речиси сигурно ќе победи на претседателските избори од 15 до 17 март, во интервуто кажа дека Русија ќе биде подготвена да употреби нуклеарно оружје доколку нејзиниот суверенитет биде загрозен.

-Од воено-техничка гледна точка, ние, се разбира, сме подготвени, изјави Путин за телевизијата „Русија-1“, одговарајќи на прашањето дали земјата е навистина подготвена за нуклеарна војна.

Тој додаде дека САД разбираат дека доколку распоредат американски војници на руска територија или во Украина, Русија тој чекор ќе се третира како интервенција.

-Во САД има доволно експерти во областа на руско-американските односи и во областа на стратешкото одвраќање.

Затоа, не мислам дека сите овде брзаат кон тоа (нуклеарен конфликт), но ние сме подготвени за тоа, рече Путин.

Тој повтори дека употребата на нуклеарно оружје е специфицирана во нуклеарната доктрина на Кремљ, чија политика ги одредува околностите во кои Русија би можела да го користи своето оружје.

-Оружјето постои за да се користи. Ние имаме свои принципи, кажа рускиот претседател. Доколку САД извршат нуклеарни тестови и Русија би можела да го стори истото, додаде тој во долгото интервју.

-Не е потребно… сè уште треба да размислуваме за тоа, но не исклучувам дека можеме да го сториме истото, изјави Путин, и додаде дека дека Русија никогаш не се соочила со потребата да употреби нуклеарно оружје во Украина, каде конфликтот беснее од февруари 2022 година.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.