HomeАктуелноРеакција на Драган Илиевски на наводи за неговото назначување за директор на ЗОО Скопје

Реакција на Драган Илиевски на наводи за неговото назначување за директор на ЗОО Скопје

Јас Драган Илиевски: Не сум член на ниту една партија, професионално ќе ја вршам својата работа.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во екстремно партизирано општество како нашето, свесен сум дека ретко се дава шанса на човек кој е професионалец да води институција, а особено на одговорна позиција како оваа.

Јасно и недвосмислено ги демантирам пласираните дезинформации дека некогаш сум бил член на било која партија, вклучително и на ГРОМ.

Имам повеќе од 20 години работно искуство на раководни позиции во приватниот сектор и магистер сум по економија. Верувам во програмата на град Скопје и во заложбите за професионализација и департизација, како што и верувам дека избор на човек како мене кој е непартиски и професионален кадар може да придонесе за позитивни промени.

Драган Илиевски

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.