HomeАктуелноРодител заработи прекршочна откако неговиот син бил пријавен за врсничко насилство во школо во Охрид

Родител заработи прекршочна откако неговиот син бил пријавен за врсничко насилство во школо во Охрид

СВР Охрид поднесе барање за поведување прекршочна постапка против Ш.Е.(42) од Охрид поради занемарена грижа кон својот малолетен син, ученик во едно основно училиште во Охрид. Пријавениот, како родител ја запоставил својата законска обврска за грижа и воспитување на малолетникот што резултирало со негово насилничко однесување кон други ученици во основното училиште, стои во соопштението на СВР Охрид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Претходно, на 16.11.2023, полициски службеници од СВР Охрид и претставници на Центарот за социјални работи Охрид извршија разговор со М.Д.(42) од Гостивар, мајка на малолетник, со привремено живеалиште во Охрид. Разговорот, како превентивна мерка, е воден по констатирањето дека таа ја запоставува својата должност за грижа и воспитување на малолетно лице, по што е запознаена со казнените одредби по тој основ.

На 19 октомври 2023 година, полициски службеници од СВР Охрид и претставници на Центарот за социјални работи Охрид, во едно основно училиште во Охрид одржаа средба со наставниците и членови на Советот на родители со цел преземање превентивни мерки по пријавено врсничко насилство, манифестирано од синот на М.Д., инаку ученик во школото, додаваат од таму.

 

Е.Р

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.